Во велешката касарна собрани 102 крвни единици

Петар Печков

Во летната акција спроведена во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, крв дарувале 102 лица. од нив 93 се мажи и 9 жени. Во акцијата која се изврши во петокот на 20 јули крв дарувале вработени, војници доброволци, воени лица.

Претходно на 12 јули на Петровден во селото Папрадиште се спроведе традиционалната крводарителска акција, помеѓу мештаните и гостите. Во таа пригода крв дарувале 29 лица, од кои 24 се мажи а 5 жени.

Двете акции се организирани од Општинската огранизација на Црвен крст од Велес, во соработка со Републичкиот завод за трансфузиона медицина.    

Во средината  на август е планирана големата летна крводарителска акција, на 14 и 15-ти. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати