Во велешката касарна собрани 52 единци на крв

Петар Печков

Во касарната Алексо Демниевски Бауман  во Велес, се изведе акција за доброволно дарување на крв  која ја   спроведоа  екипата на Заводот за трансфузиона медицина од Скопје заедно со Општинскиот Црвен крст од Велес.  Крводарителската акција во  гарнизонот на АРМ изведена е петокот  на 17-ти ноември.  

На акцијата се собрани вкупно 52 крвни единици од кои 10 од крводарители - жени. Војниците кои служат доброволно воен рок, како и дел од вработените, војни лица и професионални  војници, несебично ја подадоа раката и ја покажаа хуманоста.

Во ланската акција беа собрани 63 крвни единици. 

фото архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати