Во велешко високи 61 ново заразен со ковид-19

Петар Печков

Велес според новите заразени со ковид-19 е  четврти во земјава, вчера - вторник  се регистрирани 61 пациент, оздравени се 11. Ова е информацијата на Институтот за јавно здравје. Со ова бројката на активни случаи во велешко се искачи на 500 лица, и изнесува 535 а досега се заразени 4.142 .

Претпладнево почината е пациентка на 70 годишна возраст, позитивна, лекувана на инфективно одделение три дена. Денес еден  пациент е транспортиран во ковид центарот на Клиника за трауматологија - соопшти д-р Елеонора Јованова, порптарол на Општа Болница Велес. Таа е  126-та жртва од последиците на ковид заразатa.

Во болница вкупно се хоспитализирани 68,  од кои 62  се потврдени позитивни, двајца се  сомнителни  и четири пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. 

На кислородна поддршка се 32 пациенти. На Инфективно одделение се сместени   46 пациенти, на Интерно десет и во  Модуларна болница 12.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати