Во велешко втор ден по ред нема позитивни на ковид-19, уште еден оздравен

Петар Печков

Состојбата со  ковид-19 во велешко два дена е во надолна линија, нема  ново заразени а има оздравени.

Во текот на вчерашниот ден има едно лице кое е пуштено од Инфективното одделение од велешка Болница, откако на два последователни теста било негативно,нема нови позитивни случаи, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

По ова бројката на активни со ковид-19 во велешко е 36 лица. На домашно лекување се 21 пациент,  14 се на Инфективно одделение  и еден е во КПУ Идризово.

Досега во велешко се заразени со корона вирусот 198 лица, оздравени се 149 а починати 13.

На Инфективното одделение од велешката Болница има 16 пациенти, 15 се потврдено позитивни а денес на пладне е примена пациентка со симптоми. Неа и е земен брис и се чекаат резултатите од нив. Еден е пуштен како оздравен по да негативни теста.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати