Во велешко денес нема ново заразени со ковид-19

Петар Печков


Во велешко денес нема ново заразени со ковид-19 а оздравени се девет пациенти. Ова се бројките од изминатите 24 час, кои ги објави Министерството за здравство.

Ова е четврти пат, изминатите 30 денам,  кога во велешко , во понеделник, нема нови случаи на позитивни со ковид-19.

Бројот на активни случаи во велешко се симна на 362 а досега биле заразени 5.446 лица.

Во велешка Болница  хоспитализирани се 52 пациенти,  од кои  37 се потврдени позитивни, петмина се сомнителни  и 10 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 23 пациенти , на Инфективно  26, на Интерно шест а во  Модуларната болница се 20.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати