Во велешко запишани се 6.550 ученици, што е за 74 помалку од лани

Петар Печков

Во основно и средно образование во општината во учебната 2021/22 година,  запишани се  6.550  ученика што е за 74 ученици помалку од ланската учебна година. Додека во основното образование бројката е без малку идентична - 4,5 илјади годинава наспроти 4.503 лани, во средното има помал број ученици -  2.050  годинава наспроти 2.121 лани.
Ако е за утеха минатата година имаше 360 ученици помалку во настава, отколку во учебната 2019/20 година.

Еве како е состојбата по училишта во основното образование годинава:
ОУ Панко Брашнаров     725
ОУ Св. Кирил и Методиј 632
ОУ Блаже Конески          1124
ОУ Васил Главинов         1190
ОУ Стојан Бурчевски Буридан  од Иванковци 86
ОУ Рајко Жинзифов  од Горно Оризари 182
ОУ Лирија од Бузалково  561

и во средно образование:
Гимназија Кочо Рацин              496
Хемиско Димитрија Чуповски   506
Економско  Јовче Тесличков    213
Коле Неделковски                     835

Во прво одделение годинава запишани се 473 ученици. Тоа е за 12 ученика помалку од лани. Еве каква е состојба по училишта:
ОУ Панко Брашнаров                  80
ОУ Св. Кирил и Методиј              59
ОУ Блаже Конески                      110
ОУ Васил Главинов                     132
ОУ Стојан Бурчевски Буридан    11
ОУ Рајко Жинзифов                    19
ОУ Лирија                                   62

Во прва година средно во четирите училишта запишани се: 531 ученик што е за 17 ученици повеќе од лани. Или по училишта:
Гимназија Кочо Рацин    105 (македонски јазик)
                                           13  (албански јазик)
Димитрија Чуповски    134 ученици
Јовче Тесличков            56 ученици
Коле Неделковски       223 ученици

Податоците се добиени од локалната власт, по поставено прашање за бројот на запишани ученици о учебната 2021/22 година

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати