Во велешко за едно попладне изгореа 400 хектари површина, од нив 200 хектари црнаборова шума

Петар Печков

Огнот кој  осум часа му се закануваше на Велес, е локализиран.  Изгорена е голема површина со борова шума и сува трева а материјалната штета е огромна. Околината на омиленото велешко излетиште езеро Младост е пеплосана.  Во гаснењето на пожарот учествувале пожарникари од Велес, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Неготино и Скопје, како и два канадери на ДЗС и еден армиски хеликоптер. Нив на помош им дошле и околу 150 вработени од ЈП Македонски шуми и стотина вработени од велешки ЈКП Дервен со цистерни, припадници на АРМ.  

 Вкупно се опожарени 400 хектари површина,  од нив изгорена е педесет годишна црноборова шума на 200 хектари и исто толку трева - изјави Зоран Ѓеоргиев директор на ЈП Македонски шуми. Стручњаците предупредуваат дека исто толку години, педесет,  ќе треба да се обноват шумите околу рекреативниот центар, езеро Младост, кој не го користеа само велешани.  

Изгорена е свињарска фарма и една викендичка. Вечерва пожарот е локализиран. Имаме дежурни екипи кои се на терен и се внимаваат на можноста огнот повторно да пламне.  Го локализиравме и пожарот кој пламна близу село Ораовец, кое е во друг дел од општината. Таму гореше ниско стеблеста дабова шума, изгореа десетина хектари - рече Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ на Велес.   

Огнот кој пламна околу 11,40 на влезот во Велес од правец на Скопје, потоа се префрли кон езеро Младост и автопатот Велес - Скопје, па се спушти до автопатот   Скопје - Велес кај наплатна рампа Сопот. Поради тоа неколку часа автопатот беше затворен за сообраќај.  Во еден момент огнот се приближи до населбата Отовица, но со ангажман на ангажираните лица, биле ископани ровови, поставена земја за пожарот да не се прошири и населбата била спасена.

Беше драматично, пожарот се приближуваше, но не спаси инаку се ќе изгореше - велат жителите на Отовица.   Попладне силниот северен ветер го распламти огнот и тој се распламти на влезот во Велес, по што изгоре еден дел од  отпад Дине. 

Од  Македонски железници информираа дека патничкиот воз од Велес за Кочани не отпатувал, нема да сообраќа ниту утринскиот до Кочани за Велес. Од огнот изгореле стотина железнички прага и стручни лица треба да решат дали делницата до Кочани е употреблива. Во гаснењето на огнот учествувал и железничкиот противпожарен воз.  

Од полиција најавија дека во текот на утрешниот ден ќе ги објават деталите за сторители на пожарот, кој бил предизвикан поради невнимание.  Четворица вработени во браварска работилница вршеле работа, при што од искрење се запалила блиската трева а огнот бргу се проширил за да предизвика  огромна штета. 

loading...

Поврзани »

loading...

>

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

  • Дадоа максимум
  • можеа повеќе
  • за прв пат учество, одлични беа
  • запоставени, а не направија горди
Резултати