Во велешко нови 54 заразени лица со ковид-19, 20 оздравени

Петар Печков

Во велешко денес биле регистрирани 54 нови лица заразени со ковид-19, оздравени се 20 пацинети, со што бројката на активни случаи е 774 лица, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.

Од нив  во велешката Болница се 63 лица,  две во ГОБ 8-ми Септември во Скопје, шест во приватни клиники во Скопје, 703 на домашно лекување. Вкупниот број на досега  заразени во велешко е  1.447 лица а од нив 632 се оздравени.  

Во Велешката Болница хоспитализирани се 80 пациенти, од нив 63 се потврдено позитивни, 14 сомнителни и тројца се негативни но со симптоми и со здравствени проблеми.

Денес бил  испишан еден пациент со два последователни негативни теста, 28 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфеткивно одделение сместени се 55 пацинети, 11 на Одделението за физикална медицина и 14 на Интерно.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати