Во велешко повеќе оздравени, отколку ново заразени, една пациентка почината од последиците на ковид-19

Петар Печков

Министерството за здравство ги објави податоците од Институтот за јавно здравје, за состојбата со ковид заразата. Во велешко изминатите 24 часа се регистpирани 41 нови случаи на позитивни на ковид-19, оздравени се 43. Или во велешко има 847 активни случаи а досега биле  заразени 4.976 лица.  

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 102 пациенти,  од кои 95 се потврдени позитивни, тројца сомнителни  и четворица пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

„Починатa е жена на 81 години од Велес, лекувана на одделот за Физикална терапија кој во моментов е ковид центар. Вчера попладнето двајца пациенти се  транспортирани во приватни клиники во Скопје,  маж на  58 г.одишна возраст во приватна Болница Жан Митрев и жена на 53 годишна .возраст во Приватна Болница Систина -Скопје. На кислородна поддршка се 44 пациенти. Испишани  се седум  пациенти како оздравени  со по еден негативен тест“ – соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.  Досега во велешко починале 149 лица, од последиците на корона вирусот. 

Лежечките пациенти се сместени 47 на Инфективно  одделение, по осум на Физикално и на Интерно и во Модуларната болница 39 пациенти. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати