Во велешко за 30 години не е регистриран случај на тешка реакција по примањето на било која вакцина

Петар Печков

Во регионот на Повардарјето и Овче Поле, за 30 години нема регистрирано ниту еден случај на  тешка реакција, предизвикана од било која вакцина, вклучувајќи ја и таа за малите сипаници. ова беше кажано на трибината која Советот за јавно здравје при Општина Велес ја организираше, насловена ,,Вакцинација заштита или опасност,,.

Кај нас во Центарот за јавно здравје во Велес , досега за 30 години работа во оваа институција  немам добиено пријава  за  некоја тешка реакција по било која вакцина, не само од морбили. Откако е почната имунизацијата, разгледувајќи ги документациите кои ги чуваме не  наидов на таква тешка реакција кај некое лица, за да се случи прекин на имунизацијата. Луѓето се плашат бидејќи има  локални реакции, кои се јавуваат и од инјекциите. Се делува на човековиот организам,  ниту еден простор не е стерилен се` дава одредени реакции, поленот, загадениот воздух, до кашлици, до алергија, отежната дишење,  времето што се менува доведува до главоболки. Затоа е потребно да се разговара со родителите, сами да си го донесат решението дали нивното дете треба да се вакцинира - кажа примариус д-р Билјана Трајкова епидемиолог во Центарот за Јавно здравје од Велес, кој го покрива регионот на Повардарјето  и Овче Поле, каде се Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Дојран, Свети Николе...  

Таа потенцира дека користа за вакцинацијата освен  за поединецот е и за општеството, за колективното здравје.    Со опаѓањето на  општиот процент  на имунизација, сите се загрозени.   Како прилог на ова додаде дека  во велешко годинава има случаи на лица кои ги примиле двете дози на вакцина против морбили, но нивниот имунолошки систем  паднал со годините, ,,оти не постои ниту лек ниту вакцина кои нудат  100% заштита,,.   Задолжителната вакцинација против морбили  во Македонија започнала 1972-ра а со две дози 1976-та. Со идентични податоци излезе и д-р Петре Крстев раководител на превентивната служба за претшколска возраст при ЈЗУ Медицински центар.

Од почетокот на вакцинацијата против морбилите, во 1971-та до денес нема пријавено  сериозен случај на несакана реакција, ниту пак аутистичен синдром. Овие податоци го потенцираат значењето на имунизацијата. Епидемиолошката прогноза за појава и ширење на    морбили најмногу зависи од процентот на имунизираност. Бенефитот од  превенција на заразни заболувања  многукратно го надминуваат ризиците од вакцинацијата - вели  д-р Петре Крстев. Тој дополни дека во велешко има 4.502 деца  до пет годишна возраст и невакцинирани според календарот за вакцинација биле 124 деца  или 98% од ова популациона група биле вакцинирани.  

Бројките од Центарот за Јавно здравје за   општина Велес  покажуваат дека нема болни  на возраст од една до 25 години, благодарение на добрата имунизација. До средината  на мај во велешко има 37 случаи на морбили,  од нив 17 се во градот, 8 во Горно Јаболчиште, четири во село Бузалково. Во однос на полот 21  се машки и 16 женски.  До една година  бебиња кои се невакцинирани биле девет а на возраст од 31 до 40 години се 19. Од присутните на трибината  имаше прашање дали болен од канцер може да се вакцинира од морбили. Доктор  Крстев одговори дека тоа зависи од болеста и лекувањето во која фаза се. 

Ниту една болест не преставува контраиндикација за вакцинација. Треба да се одбере моментот кога ќе се изврши. Болни од ХИВ примаат во одреден момент вакцина против морбили. Затоа можеме да зборуваме за пациент, случај и болест - рече Крстев.   Во велешко во  тек е вакцинација на здравствени работници и вработени во градинките. 

Антивакциналната кампања која се води по социјалните мрежи, се шири без основа. Антивакциналните кампањи немаат никаква научна основа - вели д-р Трајкова.

Седуммина родители од Велес  минатата година завршиле  на суд, оти не ја почитуваат законската обврска нивните деца да бидат вакцинирани. Дел од нив,  се парично казнети дел не. Сите тие не дозволиле нивните деца да примат вакцина.

loading...

Поврзани »

loading...

Општина Велес објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година

Детали

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:
20 (дваесет) Оператори во производство

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

  • Дадоа максимум
  • можеа повеќе
  • за прв пат учество, одлични беа
  • запоставени, а не направија горди
Резултати