Петар Печков
Објавено: четврток, 14 јануари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, четврток во велешко се регистрирани 13 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 17. Или во велешко активни се 380 случаи а досега од корона вирусот се заразиле 2.908 лица. Починати oд последиците на ковид заразата во велешко се 97 лица.
Во текот на вчерашниот ден на Инфективно одделение, почината е една пациентка на 53 годишна возраст од Виница, примена истиот ден.
Во велешка Болница хоспитализирани се 35 пациенти, 209 на Инфективно и шест на Интерно одделение. Од лежечките пациенти 27 се потврдени позитивни,еден е сомнителен и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 12 пациенти. Од Болница испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.