Во зима дотур на роба во центарот на градот само во вечерните и ноќни часови

Петар Печков

Советниците на седмата  седница донесоа  одлука со која дотурот на стока, роба во централното градско  подрачје, во текот  на  зимските  месеци  се   врши во вечерните и ноќни часови. Ова со амандман го побара советникот Ненад Коциќ а неговите колеги  го усвоија.

Советниците од опозицијата беа присутни во салата, но и натаму тие  не дискутираат и не гласаат.  Со новата одлука од 1-ви декември до  28-ми  февруари, дотурот на стока во централното градско подрачје, се врши во период од 18 до  7 ч. Ова е мерка за намалување  на загадувањето  на амбинеталниот воздух.  Истата годинава ќе важи, еден ден откако ќе излеле во Службениот гласник на  Општина  Велес.   

Зоната во централно градско подрачје е дефинирана со следните улици: „Благој Ѓорев“ „8-ми Септември“ ,  „Илинденска“, „Никола Оровчанец“, „Гоце Делчев“, „Страшо Пинџур“, „Алексо Демниевски Бауман“. Во останатиот дел од годината во зоната во централно градско подрачје доставување на стока се врши  секој ден, во временскиот период од 23:00-06:00 часот и од 09:30-11:30 часот. 

Во зоната до и од Градските Пазари, возилата за доставување на стока можат да вршат запирање и паркирање заради доставување на стока секој ден, во временскиот период од 04:00-07:00 часот, од 12:00-14:00 часот и од 18:00-20:00 часот.   Зоната до и од градските пазари е дефинирана со следните улици:  „11 Октомври“ „Нада Бутникошарова“ „Петре Прличко“„Кресненско востание“ „Димитар Влахов“.

Во сите останати ненаведени улици од градот, возилата можат да вршат запирање и паркирање заради доставување на стока секој ден, во временскиот период од 21:00-06:00 часот и од 09:30-11:30 часот.

Возилата кои доставуваат стока на подрачјето на Општина Велес може да запираат и паркираат додека трае текот на истоварање и товарање, но не подолго од 15 минути. Максималната дозволена вкупна маса на возилата кои вршат доставување на стока на подрачјето на Општина Велес во сите зони изнесува до 7 тони. За да може возилата да вршат дотур на стока, потребно е да имаат  одобрение , како за правни, така за физички лица, кое го издава, по нивно барање  Општина Велес. 

Сообраќајот на товарните возила кои ја надминуваат вкупната дозволена маса  определена со оваа Одлука, над 7 тони  ќе се одвива по улиците: „Академик Пенчо Давчев“ . „Вардарска“ . „АСНОМ“ „Андон Шурков“ , спој на ул. „Андон Шурков“ и „Благој Ѓорев“ во насока на движење кон ул. „Ристо Попов“ во нас. Превалец.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати