Во контрола на сообраќајната полиција во Велес пет возила неисправни

Петар Печков

Средата на 20 март во полициска акција во Велес била контролирана исправноста на возила кои вршат јавен превоз.  

Полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници -автобуси и такси возила на подрачјето на СВР Велес. Притоа, биле контролирани вкупно 56 возила и било констатирано дека девет биле неисправни. Во Велес, од контролираните 36 возила, неисправни биле пет. Во Кавадарци, од контролираните 12 возила, неисправни биле четири и во Неготино, сите осум контролирани  возила биле исправни -пишува во информацијата на МВР. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати