Во кој град се живее најскапо а каде најефтино

Петар Печков

Ова е податок според „Economist Intelligence Unit’s Worldwide Cost of Living Survey“, а се базира на спроведени анкети на над 150 различни производи во 133 градови ширум светот.
Источна Азија и Западна Европа доминираат на врвот на табелата според трошоците за живот, додека Алмати во Казакстан е најевтиниот град.

Ова се 10 најскапи градови:
-    Сингапур
-    Хонг Конг
-    Цирих
-    Токио
-    Осака
-    Сеул
-    Женева
-    Париз
-    Њу Јорк
-    Копенхаген

Лондон е на 24 место глобално, а на 10 место на листата најскапи градови во Европа.

Ова се последните од листата градови:
-    Алмати
-    Лагос
-    Бангалор
-    Карачи
-    Алжир
-    Ченаи
-    Мумбаи
-    Киев
-    Букурешт
-    Њу Делхи

Според листата, само четири градови се од Европа во првите десет, како најскапи. Тоа е значителна промена, бидејќи во изминативе десет години, во првите десет секогаш биле европски градови.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати