Во одделенија во Велес во основно учат и по два, три ученика, во средно и по 7-8, каква настава за нив

Петар Печков

Министерството за здравство и за образование оставија простор  во паралелките со помалку ученици од дозволениот број, дека е можно да се изведува настава во училница, поради ковид-19 заразата. За ова основачот- локалната власт треба да побара дозвола од Министерството и Владата. 

ТрМр  и извади бројките на одделенија со  ученици со помал број, кои минатата учебна година на почетокот добија дозвола да изведуваат настава. Тоа е според барањето доставено до Советот на Општина Велес, кој позитивно одговори и им дозволи да работат со помал број ученици од максимално дозволениот - тоа е 24, некаде и со помалку од рацете на прстите-10. 

Бројките се од ланскиот септември, за учебна 2019/20-та година.  Податоците за четврта година средно  и деветто одделение- основно  не се презентирани, бидејќи тие го завршиле образованието и како одделенија не постојат во наредната учебна година, поточно за оваа  од есен.

Во средно има 21 одделенија со помалку до 20 ученици а во основно 69 одделенија,  колку што препорача  министерот за здравство Филипче,  да има ученици на час во едно одделение, за да има редовна настава. 

Во Хемиското училиште Димитрија Чуповски:
прва година - болничар неговател 15   
                          
втора година -хемиско технолошки техничар  10
                               прехранбен техничар 13

трета година -прехранбен техничар  16

Во Економска Јовче Тесличков 
прва година во две паралелки -економски техничар   вкупно 21 ученик
правен техничар 11 ученици

бизнис администратор 8 ученици

продавач   10 ученика 

 

втора година  банкарски техничар 9 ученици

деловен секретар  13 ученици

продавач   7 ученици

економски техничар две паралелки со вкупно 36 ученици

 

трета година    банкарски техничар 17 ученика

                            деловен секретар 19

            Коле Неделковски
прва година - автомеханичар и заварувач вкупно шест ученика /  машински техничар и техничар за производство на машини  17

во втора година - автомеханичар и заварувач  16 ученика

во трета година по 20 ученика  за автотехничар мехатроничар/ машинско енергетски техничар и во насоката  електро - техничар енергетичар/ електро - техничар за електроника и телекомуникации

Во Гимназијата класовите од прва до трета се со повеќе од 20 ученици

ОУ Панко Брашнаров  сите  16 одделенија од 5-то до 8-мо одделение се под 20 ученици во одделение и се движат од 14 ученика до 17 во одделение

подрачно училиште ОУ  Башино село  од прво до трето   16 ученика/ четврто и петто   9 ученици

подрачното училиште Караслари   од прво до трето   13 ученика/  четврто и петто  7 ученици
подрачното училиште Чолошево од прво до петто    седум  ученици

Св. Кирил и Методиј  во четврто одделение едно со 17 ученика и во осмо во три одделенија исто со по 17 ученици

подрачно во Црквино  прво и второ со 10 ученика, исто толку во трето, во четврто и петто одделение заедно  12 ученици

ОУ Васил Главинов во трето одделение 19 ученика во четири паралелки
 во петто  во шест одделенија има помеѓу 15 до 19 ученика
 во осмо во едно одделение учат 19 ученика

во подрачното во Бузалково  во една во прво има 18 ученика и во две одделенија  во трето има 18 односно 17 ученика

во подрачното во Сливник  во трето има 11 ученици

во подрачното во Клуковец во четврто има  12 ученика

во подрачното во Превалец  во второ има 10 ученика
    
         ОУ Рајко Жинзифов Горно Оризари
второ 19 ученици,   четврто и петто по 18 ученика

        ОУ Стојан Стојчевски Буридан - Иванковци
прво шест ученици,  второ пет ученици, трето 10, четврто 9, петто  5, шесто 4 ученика, седмо 7 и осмо четири ученика

во подрачното во Сујаклари во прво,  трето и четврто  учат по две деца во одделение, во петто еден ученик,  во шесто    четири, седмо две, осмо пет ученици

во подрачното во Мамутчево  во второ и четврто по два ученика

во подрачното во Отовица  во прво одделение три ученика, во второ и трето по еден и во четврто два ученици 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати