Во прва година во првиот рок, во велешките средни запишани 595 ученици

Петар Печков

Во двата круга од првиот уписен рок во четирите велешки средни училишта се запишаа   595 ученици,  завршени  деветто одделенци, а имаше 1088 слободни места .   

Најмногу во УСО ,,Коле Неделковски,, 220 а исполнети се паралелките за електротехничар за компјутерска техника и автоматика и за  техничар за  транспорт и шпедиција. Во ова училиште имаше 408 слободни места и за сите останати струки има можност за упис во прва година. 

Во Хемиското училиште ,,Димитрија Чупоски,,  во првиот уписен рок примени се 130  ученици во прва година а пополнети се паралелките за фармацевт и  медицински сестри. Упис има и во козметичката и хемиско- технолошката паралелка со по 25 ученици и 12 во прехранбен смер. Во ова училиште имаше  238 слободни места во  прва година.

Во Гимназијата  ,,Кочо Рацин,, запишани се  140 ученика во прва година  од кои само 13 се  пријавиле  во паралелката за албански јазик.  Во ова училиште имаше  238 слободни места од кои една  паралелка е за настава на албански јазик.  

Во Економското училиште ,,Јовче Тесличков,, можеа да се запишат во прва година 204 ученици а приемни се 95 во струките економски техничар и деловен секретар.   Во ова училиште има слободни места за сите  насоки. 

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок за таму каде има слободни  места ќе  се врши на 24 август 2017  година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати