Во прво одделение повеќе ученици, помалку во образовниот процес

Петар Печков

Започна учебната 2018/19 година. Во седумте основни  училишта во  Општината и четирите средни, на училиште во велешко  тргнаа 6.673 ученика основци и среднисти, или 60 ученика помалку од лани.  Убавата вест е што годинава  има 553 прво одделенци што е далеку повеќе отколку ланските 470 или за 83 повеќе, но помалку од пред две години кога имало запишано 580 ученика во прво одделение.     

Најдолгиот пат почнува со првиот чекор. За првачињата ова е посебен ден, ден што ќе го памтат во текот на целиот живот. Им посакувам да имаат добар успех не само во учењето туку и во воспитувањето. Радувајте се на овој ден, затоа што ова е Ваш ден на кој ќе се сеќавате целиот свој живот. Бидете одговорни во извршувањето на сите задачи, затоа што на тој начин ќе бидете наша најголема гордост - кажа  градоначалникот Аце Коцевски.  

Централното одбележување н почетокот на учебната година  се случи во ОУ Блаже Конески.   Директорот на училиштето ги поздрави прво одделенците.

Секоја година големата училишна врата се отвора за новата генерација ученици. Денес завршува безгрижноста, започнува процесот на учење и собирање на знаење. Буквите и бројки стануваат секојдневие на овие деца - рече Јованче Манасков. 

Почетокот на учебната година немаше забележани проблеми во наставата.  

 Добро започна учебната година. Се уште не е завршена постапката за спојување на двете училиштата ЈКК Џинот и Благој Кирков, чекаме одлука од Министерството за образование.  Имав разговор и со Советот на родителите во ОУ во Иванковци. Тоа што сакавме да го постигнеме го одложивме за следната учебна година.  Имаме намалување во континуитет на бројот на ученици, посебно е тоа изразено во Гимназијата, по укинувањето на спортската паралелка.  Проблемот е што во минатото се вработувале просветен кадар на определено време и при трансформацијата не се водело грижа дали имаат 20 часови и директорите да гарантираат во следените пет години да имаат обезбедено часови за настава согласно. Или бројот на ученици секаде се намалува а бројот на професори останува ист. Така во двете ОУ Џинот и Благој Кирков бројот на ученици е намлен споредбено за последните 10 години за 306 а бројот на наставен кадар е ист - рече Коцевски.    

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати