Во село Теово се гради дневен центар за стари лица

Петар Печков

Се гради новиот дневен центар за стари лица во село Теово. Таму  услуги ќе добиваат и жителите од повозрасната категорија, од околните села.  Изградбата е финансирана  од Здружението на пензионери - Велес и Општина Чашка а во вредност од 450 илјади денари.    ,

Центарот ќе располага со простор опремен со мебел, бела техника како и друга опрема која ќе биде во функција на овозможување на разни општествени  и социјални игри, каде што старите лица ќе можат да се дружат, да одбележуваат празници и родендени и да организираат разни работилници - рече Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка. 

Центарот ќе биде наменет за пензионирани или стари лица кои што живеат во свои  домови а на кои во текот на денот им е потребно организирано да го минуваат времето со врсниците со кои имаат заеднички интереси во поглед на дневните содржини и активности.

Со партнерската изградба на Дневниот центар за стари лица во Теово, Општина Чашка наредната година ќе продолжи со изградба на уште два нови центри лоцирани во  Долно Јаболчиште и  Лисиче.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати