Во сообраќајка близу Велес, семејна трагедија

Петар Печков

40 минути по полноќ, близу Велес во сообраќајка смртно настрада  скопјанката Марија Михајловска (28 год).  До несреќата дошло  кога автомобилот кој го управувал нејзиниот татко излетал  и удрил во мостот близу езеро Младост. Во сообраќајката  со повреди се здобила и нејзината мајка. Семејството се враќало од Битола за Скопје.

Сообраќајката се случила  околу 00.40 часот,  на автопат Велес- Скопје,  на мостот кај населба Отовица.  П.М. (55 год ) од Скопје, управувајќи автомобил   „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и удрил во бетонскиот ѕид на мостот и се превртел. Во незгодата сопатничката М.М. (28 год ) од здобиените повреди починала на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Велес. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М. (52 год) – изјавија од МВР.  

На двете повредени лица, таткото  и мајката на починатата Марија, укажана им била прва помош на лице место и со возило на Брзата помош биле префрлени во велешката Болница.    Од таму информираа дека П.М. не бил повреден, додека  М.М имала тешки телесни повреди, скршеници на рака и на барање на семејството, претпладневно  заминала за Скопје.    

Патници кои биле зад овој автомобил, објаснуваат што виделе, критичниот момент.

Цитроенот одненадеж изгуби контрола,  се преврте среде пат, од колата излета еден  патник, кој седеше на задното седиште. Така се лизгаше на кров  десетина метри, по што удри во бетонскиот ѕид од мостот и не се превртеа во провалијата – велат сведоците.  

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција а автомобилот ќе оди на вонреден технички преглед . Поради сообраќајката  патниот правец клучка Велес -Отовица бил во целосен прекин во периодот  до 4  часот утрото.

loading...

Поврзани »

loading...

Дежурство на аптеките (ЈУНИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е Вашата куповна моќ (на домаќинствата)?

  • го туркам цел месец
  • едвај сврзувам ден со ден
  • имаме за плаќање на давачките и храната и толку
  • работам, а не можам да истуркам една седмица
  • одлична, има за се
  • лоша
Резултати