Во сообраќајна незгода во Башино село, помеѓу велосипедист и пешак, велосипедистот се здобил со тешки повреди

Петар Печков

Средата наутро во Башино село се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипедист и пешак, во која велосипедистот при падот  се здобил со тешки повреди и е пренесен на Клинички во Скопје. Незгодата се случила во близината на училиштето во Башино село.


„Средата на  07-ми април   07.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во Башино Село, велешко, велосипед управуван од З.Ѓ.(52) удрил во пешакот О.И.(57), двајцата од Башино Село“ -соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. Први на местото од незгодата била екипа на Итната медицинска помош.
 
„Повредениот имаше отворена рана на главата, крвареше, му дадовме неопходна лекарска и здравстена помош и го пренесовме во велешка Болница“ - кажа д-р Ивана Ѓоргиевска, која била дел од екипата која на лице место укажала прва помош.


„Вчера, среда   околу 8 часот утрото, од страна на ИМП на одделението за хирургија,  донесен е пациент на 52 годишна возраст повреден во сообраќајна незгода во тешка општа состојба  со видлив крвен подлив на глава и крварење од лево уво, тешко контактибилен. Поради сериозноста на повредите истиот е препратен на ТОАРИЛУЦ Скопје за понатамошен третман и доиследување“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати