Во судар на мопед и велосипед еден тешко повреден

Петар Печков

Вчера, вторник во попладневните часови се случила сообраќајна незгода во која учествувале мопед и велосипед. Жената која го управувале велосипедот завршила со тешки повреди во велешка болница.

На 17.04.2019 година во 17,25 часот било пријавено дека во Велес на улицата “Димитар Влахов“ кај Железничкиот мост се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Априлија“ со велешки регистерски таблици управуван од Ѓ.К. (50) од Велес и велосипед „Крос“ управуван од Н.М. (50) од Велес. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.М, а Ѓ.К. и сопатничката од мопедот Д.Т. се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Велес- информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес портпаролот Марина Андова информираше дека кај нив е донесена пациентка во попладневните часови, која имала скрешница на коската на рамото и е задржана не лекување.    

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес која работи  на расчистување на случајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати