Во тек е теренско третирање од земја, против ларви од комарци

Петар Печков

Во Општина Велес во тек е  теренско третирање од земја, против ларви од комарци кое е Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Тоа е општа мерка за заштита на населението од заразни болести. 3апочна на 27 април и се спроведува во зависност од временските услови.

„Теренското третирање од земја, против ларви од комарци  се изврши на територија од седум  хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание се посветува на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување“ - соопштија од локалната власт.

Теренско третирање од земја, против ларви од комарци го изведува  ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Скопје, и согласно Елаборатот изработен од страна на Центарот за јавно здравје Велес, ќе бидат третирани: Крајбрежјето на Езерото „Младост“, делот  на езеро „Јарбош“ Градскиот Парк, Градски Стадион, Младински Парк, по течението на реката Вардар, реонот на  Дервенскиот Потокот и Градските фонтани.

 „Третманот се врши со препаратот „Биопрен“  4 ГР, ларвицид за комарци во вид на гранули, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно одредени. Средството во вид  на гранули се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици“ - додаваат од Општина Велес.

Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести, и е предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2022 година.
Општина Велес ја известува јавноста дека кон крајот на месец мај оваа година ќе следуваат авионски прскања, за кои три дена пред реализирањето на активностите јавно ќе бидат објавени соопштенија за пчеларите, , поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Поврзани »

СЕ ИЗДАВААТ ШАНКОВИТЕ НА ГРАДСКИ БАЗЕН

ЈАВЕН ПОВИК бр. 2/2022 за издавање на шанкови на Градски базен Велес за сезона 2022 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Македонија треба да продолжи да учествува на Евросонг?

  • да
  • не
  • не ја следам манифестацијата
Резултати