Во храмот на Изида пронајдени фонтана и мозаик

Петар Печков

Во тек на археолошките истражувања на комплексот градби околу храмот на Изида,  екипа  од археолози на  НУ Стоби и студенти по археологија,  пронашле  дел од мозаик, фрагменти од штуко декорација и фонтана кои го краселе објектот.  Овој наод е во рамките  на  истражувањето на  просторот југозападно од Храмот. 

Ова беше објавено денес  при промоција на активностите на археолошкиот локалитет Стоби, на која присуствуваше и премиерот Заев.  Елеонора Петрова Митевска директорка на Управата за заштита и културното наследство, која има работено на овој простор, објаснува дека станува збор за значајно откритие. 

Наодот од храмот на Изида и Серапис, тоа е фантастично откритие за кое иако се работи за фонтана и мозаик од 4 век, просторот каде се пронајдени припаѓа на 2 век од н.е. бидејќи на ѕидовите каде е вкопана таа  се наоѓаат фрески од 2 век. Тоа е еднакво време  на храмот на  Изида и Серапис.  Тоа значи дека храмот  живеел подолго време, што е исто така значајно откритие. Со тоа и градот Стоби живеел во подолг временски распон, отколку што досега знаевме   - вели директорката д-р Петрова Митевска. 

Целта на годинешните археолошки истражувања на храмот Изида  е да се дефинира функцијата на архитектонските остатоци и користењето на просторот југозападно од него. Храмот на Изида„ и комплексот градби во непосредната околина континуирано се истражуваат веќе 12 сезони. Неодамна на друга локација во археолошкиот локалитет Стоби беше откриена статуа на богот Диноис, во големина од 50 см.  

Статуата на Дионис беше откриена во објект кој порано се нарекуваше ,,затвор, оти  во него  беа пронајдени скелети со ланци и метални опкови. Но со ова откритие изгледа станува збор за некој храм  бидејќи е откриен дел од олтарот и оваа статуа, која припаѓа на период од 2 век  од н.е. Овој наод покажува  дека имаме хронологија на подолго живеење,  се до 7 век од кој период е пронајдена монета. Немаше податоци дека во Стоби се живеело во 7 век, мислевме дека завршува до 6 век - објаснува д-р Петрова Митевска. 

На неодамна пронајдена скулптура на Богот Дионис од понеделника почнува да се работи.

Од понеделник почнува процесот на конзервација на скулптурата, која е од бел мермер. Ќе се чистат сите наслаги од неа и да се обезбеди соодветна заштита за да трае подолго време- рече Маријана Филова- конзерватор на скулптури. Сите скулптури пронајдени на локалитетот ќе се изложат во Музејот, кој се најавува три години дека ќе се работи, но никако да се започне со негова реализација. Таму би можеле да ги види пошироката јавност, посетителите на локалитетот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати