Во четирите акции на крводарување во средните училишта собрани 169 крвни единици

Петар Печков

Изминатиот период во четирите акции на доброволно дарување на крв во четирите средни училишта во Велес беа  собрани  169  крвни единици. Тоа е помалку отколку лани во пролетната акција кога беа собрани 202.

Од деновиве собраните крвни единци повеќе од половина биле од нови дарители, кои прв пат даруваат, или во бројка тоа е 91 дарител. Скоро е израмнета бројката на машки и женски дарители 85/84. Од вкупната бројка само 18 биле вработени, се друго се ученици.

На првата од четирите пролетни, што се изведе на 21 март  во средното стручно општинско училиште  Јовче Тесличков даруваа 42 лица, од нив 33 биле ученици што е повеќе од лани кога крв дарувале 36 дарители..

Втората акција беше во СОУ „Димитрија Чуповски“ на 29-ти март, својата хуманост преку доброволно дарување крв ја изразија 45 дарители од кои дури 44 беа  ученици.Лани таму крв дарувале 48 дарители. 

Третата акција беше изведена на 13-ти април  во Гимназијата ,,Кочо Рацин,,  каде се собраа 39 крвни единици од кои 36 беа од ученици. Лани таму биле собрани  38 крвни единици.  

Последната се одржа на 2-ри мај во  „Коле Неделковски“ и беа собрани 43 крвни единици, од нив 38 од ученици. Тоа е далеку од ланските 80 собрани крвни дарувања. 

Организатор на крводарителските акции беше Основната организација на Општинскиот Црвен Крст од Велес  заедно  со Институтот за трансфузиона медицина.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати