Во велешката Болница ќе се ангажираат 41 ново вработен ама и натаму има еден лифт

Петар Печков

По вчерашната посета на Министерот за здравство Венко Филипче на велешката Општа Болница беше можност да се добие одговор за проблеми кои  ги чувствуваат и пациентите и лекарите.   

Одговарајќи на новинарско прашање дали  е решен проблемот со недостаток на кадар, хируршкото одделение работи само со двајца општи хирурзи и исто толку има на гинеколошкото одделение, директорот Димитар Стровјаноски кажа дека добиле одобрение од Министерството за здравство и Министерството за финансии за вработување.

Имаме добиено одобрување за вработување на 41 лице, што доктори, што медицински сестри и технички персонал. Од нив 27 се медицински кадар. Со овој конкурс предвидуваме вработување на двајца гинеколози. Имаме помош и од Гинеколошко - акушерската клиника од Скопје која  е присутна со специјалисти за  надминување на  расчекорот од кадар. Петмина доктори веднаш ќе тргнат на специјализација, по еден на  хирургија,  неврологија, педијатрија, гинекологија и рендген дијагностика    - рече директорот Стровјаноски. 

И покрај неколкуте најави дека наскоро ќе започне инсталирањето на нови лифтови во Болницата, тоа не се случи.  Директорот Стровјаноски ја посочи причината -неуспешни тендери.

Двата претходни тендери беа неуспешни, сега во тек е распишан третиот и се надевам среќен тендер, по што по пет години Болницата би го рашила овој сериозен проблем. Кривицата би ја насочил кон економските оператори, па двата претходни тендери пропаднаа а инвестицијата е вредна 50 илјади евра. Во здравството не смеат да се мешаат храната, ѓубрето и материјал од стерилизација  и треба да се пренесуваат во посебни услови - рече Стровјаноски.   

И натаму работи само еден лифт во Болницата. Единствениот лифт  го користат и здравите и болните, се носи храна, се пренесуваат починати.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати