Вработена во министерство за култура ќе седне на обвинителна клупа за измама

Петар Печков

Против велешанка вработена во министерство  за  култура Основното јавно обвинителство Велес  поднесе  обвинителен предлог  за сторена  измама.

По спроведена истрага Д.Н.К.  обвинителството прибрало докази, дека таа со намера да    прибави имотна корист, во периодот од 7-ми август  до 3-ти септември 2016 годинава во повеќе наврати ги довела во заблуда оштетените, татко и ќерка,  лажно прикажувајќи дека може да го вработи нивниот син, односно брат во МВР на огласот за прием на полицајци, кој бил во тек.

Таа се повикувала на блиски пријателски односи со влијателни луѓе од актуелната власт и МВР, со што ги навела оштетените да и исплатат вкупен паричен износ од 183.500 денари и тоа етапно, како што течеле активностите околу конкурсот за вработување. Три дена по последната уплата, оштетените телефонски  биле информирани  од обвинетата  дека работата е завршена и заминале  во Центарот за обука во Идризово заради потпишување на договорот за вработување.

Но таму на големо изненадување  им било кажано дека не е организирано потпишување на договори и дека нивниот син, односно брат воопшто не е примен на огласот за обука на полицајци.

Во текот на истрагата, обвинителството   ги испитало  оштетените лица и сведоци, а биле  прибрани и повеќе материјални докази, по што е поднесен обвинителниот предлог, со кој може да се изрече казна затвор до пет години.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати