Вработените од „Олив-пак“ протестираат оти немаат добиено К-15 и за ниската плата под минималецот

Петар Печков

Педесетина вработени во фирмата „Олив-пак“ од Велес денес протестираа пред капијата. Реагираат на тоа што не добиле К-15, но и на другите услови за работење, во однос на финансиите, платата, исплата на боледувањата, работите во празници. Бројни се нивните поплаки, а се започнало неколку дена пред Новата 2022-ра година.  

„Побаравме да ни каже кога ќе ни бие исплатен годишниот регрес за одмор. Лани добивме во висина од 6 илјади денари. Фирмата успешно работи, по 3-4 шлепери со пакувани маслинки излегуваат од кругот на фирмата и редно е да добиеме во целото К-15. Но на нашата средба тој кажа дека тоа не е можно и попрво ќе го даде на инспекторите отколку нас“ - вели една од вработените.

„Олив-пак“ била грчка фирма со директор од Македонија, од Кочани. Таа се бавела со пакување и полнење на маслинки. 

Вработените кои без исклучок се жени реагираа и на други неправилности кои им се случувале.

„Поголем дел од вработените добиваат плата под минималецот, под 16 илјади денари Работиме во сабота, која не ни се плаќа, исто како и во празник, за 1-ви мај работевме. Тука сме без исклучок, но за тоа немаме добиено ниту денар. Колешките кои беа позитивни на корона вирусот и на боледување, но не добија пари за тој период“ - додаваа вработените во „Олив пак“. Тие утрово дошле на работа, но одбиле да работат, се додека не добијат информација, кога и колку ќе добијат за К-15.   

Директорот Ивица Ангелов,  кажа дека финансиската состојба во фирмата е лоша.

„Не треба да се провоцира  некој, оти може да се случи, сопствениците да си заминат и вработените жени  да останат на патот.  Јас преговарам и разговарам за нивно добро, не за мене. јас сум сам, тие се 50“ - кажа Ангелов.
За  проблемите на вработените тие ги информирале надлежните од Трудова инспекција, но досега немало никаква реакција.

Денес од таму стигна следната информација: “Ќе се изврши вонреден инспекциски надзор кај посочениот правен субјект „ОЛИВ ПАК“ и за утврдената фактичка состојба и преземени мерки за утврдени неправилности ќе бидете благовремено известени“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати