Времето застанало, некогаш и денес првата екипа на ЖОК Борец (фото)

Петар Печков

Скромно но со голем ентузијазам, љубов, меѓусебна почит, желба за дружење се собраа одбојкарките на женскиот клуб ,,Борец,, од пред четири децении па до денешните да одбележат редок и значаен јубилеј. Без малку сите од првата генерација која во 1977-та го започна овој спорт во градот. Бележеше и успеси  и падови.

За потсетување првите деветте одбојкарки на ЖОК Борец кои истрчаа на терен беа: Радмила и Силвана Ончеви,  Пепита Павлова, Сузана Лапевска,  Славица Костова, Мирјана Андреева, Соња Крстева, Ирена Поп Стефанова и сега покојната Елвира Зафирова. Нив подоцна им се придружија Лилјана Гугинова, Лидија Дечева, Валентина Лапевска,  Лујза Маџуркарова, Жаклина Јанковска,  Жаклина Танева, Весна Мишева и Дијана Поп Стефанова. Подоцна на почетокот од 80-те за клубот настапуваат: Марина Панова, Цветанка Панова, Наташа Андова, Каролина Лазаревска, Невенка Матева, Цветанка Ѓакова, Ирена  Ѓошева, Каролина  Ѓошева, Анита Даева,  и Весна Петрушевска.  На почетоците се присетува  Пепита Павлова.   

Времето како да застанало за нас. Исто е чувството и тогаш кога започнавме и денес кога пак се собравме.  Самото влегување во салата предизвика емоции, треба да се доживеат за да се опишат. Целосно бевме посветени на одбојката, сите радости и порази ги преживуваме. Игравме со жар, со љубов, не гледавме материјална страна. Имавме силна желба за одбојка  а најголеми ривали ни беа екипите на Тетово, Струмица, Работнички, тоа беа средби за кои долго се раскажуваше. Благодарејќи на нас во Велес дојде најдобрата одбојкарка на Јуигославија Светлана Стакиќ со ОК Раднички Белград, со кого игравме четврт-финале во купот. Очекувам дека новата претседателка Весна Петрушевска сега Николова да ја врати женската одбојка во Велес - кажа Пепита Павлова.      

Тренер беше Ангел Жабев. Тој беше и селектор на македонската женска селекција која учествуваше во квалификации за ЕП. Со младинките беше во квалификации во Полска  за младинско ЕП и а со сениорската селекција беше во Бар во квалификации за сениорки за ЕП.     На прашањето беше ли тешко да се селектира и создаде екипа во спорт кој дотогаш не постоел вели:

Беше многу тешко. Се почна од нула, но пронајдов девојчиња кои беа квалитетни и ми беше уште потешко да ги селектирам за првата екипа. Доаѓаа редовно на тренинзи и создадовме екипа за почит.  Беа посветени на одбојката но барав прво место да биде школото, успех на училиште после се друго.  Играа со голема жар, љубов, ентузијазам. Бев и селектор за квалификации за ЕП за младинки во Полска, таму бевме со млада и не така искусна екипа и имавме слаби резултати. Но затоа во Бар во Црна Гора во квалификации за ЕП сениорки ја победивме Норвешка загубивме од Србија и Италија со 1:2. Денес женската одбојка како да ја нема. За жал нема финансии тоа е основната причина.  Најголем успех на клубот е настапот во четврт-финале за Југославија каде дома во салата Благој Кирков пред две илјади публика загубиме со 0:3 од тогашниот првак   ОК Раднички до Белград.  Настапивме и во квалификациите за Прва лига, во Сремски Карловци, каде загубивме од домаќинот со 3:0- се присети Ангел Жабев.  

 

Генерацијата од 1982 и потоа беше во состав: Божанка Анастасовска, Емилија Србова, Анка Јордановска, Драгана Николова, Лилјана Ќурчиева, Милена Нешова, Билјана Петрушевска, Љубенка Танева, Весна Коцевска, Златица Секова, Елена Кузманова, Мирјана Митева, Наташа Николова, Евгенија Стојанова.  Екипата од генерацијата од 90-тите беше во состав: Емилија Ивановска, Билјана Манева, Бранкица Блажевска, Данче Танова,  Ивана Митушева, Симона Џаневска, Викторија Стојанова, Весна Мајнова,  Ана Ристовска, Емилија Димитриевска, Загорка Бочварова, Милена Петкова. По 2000-тата велешката женска  одбојка ги помни: Емилија Трајкова, Емилија Ефремова, Ивана Карова, Маја Велкова, Марија Трајкова. За овој повод беше издадена книга 30 години на женската одбојка  во Велес од поранешниот претседател Никола Кузманов.

Ова е еден вид алманах, хронологија на настани од 1977-та до 2007-та.  Ги има сите резултатите на ЖОК Борец, турнири. Стоеше 10 години не отпечатена, тогаш во 2007та не најдовме спонзор а еве сега успавме. И така толку години женски клуб не работеше. Имавме голем потенцијал, меѓутоа рано  ги губевме, си заминуваа од клубот. Уште на 16-18 години тие го напуштаа Борец и заминуваа во скопски клубови каде го продолжуваа образованието. Имавме резултати во пионерска, младинска селекција а во сениорска не - рече Кузманов. Тогашниот претседател Ацо Кимов раскажа  како било на куп натпреварот со ОК Раднички од Белград , во четврт финалето.

Претставникот на Одбојкарската федерација на Југославија уште утрото од 8 часот  го земав од хотел Интернационал на прошетка. Околу 8,30 миневме  како случајно поред салата на ОУ Благој Кирков, каде  требаше во 11ч. д се игра натпреварот и тој виде дека има многу народ гужва,и праша што е ова, му објаснив дека тука ќе се игра средбата и тој побара да види што се случува внатре. Кога влеговме и уше пред два и пол часа пред почетокот салата беше преполна занеме и си израдува дека некаде, во некој мал град има толкав интерес за одбојката - раскажа Кимов. 

Имињата на генерациите одбојкарки  е според сеќавањата на учесничките на вчерашното одбележување и листите доставени од организаторот. Доколку некоја од одбојкарките  не е запишана е ненамерно и може да се допише... 

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати