Второ Вонредно Собрание на Независниот полициски синдикат, одржано во Велес

Петар Печков

Независниот Синдикат на Полицијата (НСП) во Велес, во хотелот Гарденија,  го одржа своето второ Вонредно Собрание.  Собранието започна со претставување од страна на претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев на сите присутни при што беше и појаснета  Организационата Синдикална поставеност.

Беа  претставени  досега оформените Синдикални Подружници кои се регистрирани во Централниот Регистар на РМ,  како и  појаснување за неоформените СО,  образложување  за потребата за понатамошно формирање на останати СО во рамките на МВР, со прецизирање на ОЕ каде што е потребно регистрирање на СО.  Дел од собранието  се расправаше за проблемите кои ги притискаа неговите  членови. Зошто и од кои причини не се земаат „дневници за терен“ односно службено патување?

Посебно за вработените во ЕСЗ, ЕБР, ПЕП и останати колеги кои постојано одат на службено патување. НСП останува на ставот дека мора да се исправи оваа неправда што им е направена на колегите и се бори за тоа.    Известување за неисплатен надоместок за годишен одмор (регрес) на работниците на МВР и барање за итно исплаќање на надоместокот што им следува согласно Колективниот договор Известување за проблемите кои ги имаат припадниците од Одделот за специјални полициски операции.

Претставниците реагираа и што натаму немаат  одговор од претходниот Министер Чавков  за акцијата ,,Којот,,  спроведена во јули оваа година во која беа лишени од слобода пет полициски службеници од СВР Велес,  и тие прашуваат дали се преземени мерки согласно Законот за кривична постапка и Кривичниот законик. Во соопштението кое е испратено лично до Министерот за внатрешни работи и јавноста, се наведува дека според информациите добиени од полициските службеници опфатени во акцијата, инаку членови на Синдикатот, тие не биле изнесени пред судија во претходна постапка и оти сериозно е нарушен нивниот интегритет, чест и достоинство.

На ова второ  Вонредно собрание  на НПС  присуствуваше и Министерката за Труд и Социјална политика Фросина Ременски која  рече  ,, Посакувам посветеноста и ентузијазмот на претставниците на Независниот синдикат на полицијата да го следат сите полициски службеници чии што права во континуитет и тенденциозно се кршат наспроти обврските и одговорностите што ги имаат за нашата безбедност,, додавајќи дека правата на полициските службеници се гаранција за безбедноста на сите граѓани.   Претседател на НПС за СВР Велес  е Орце Коцевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати