Второ место за младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј во Белорусија

Петар Печков

Младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј на меѓународен хорски натпревар одржан во Белорусија се вратија со освоено второ место.  Фестивалот се одржал во градот Гробно,  учествувале 30-тина хора, сите се натпреварувале во духовна музика.  Годинава тие одбележуваат пет години од нивната работа. 

На натпреварот имаше голема конкуренција, и од академски хорови, хорови кои постојат со години и децении.Многу сум задоволна и среќна од ова второ место. Тоа плод од петгодишната работа, посебно кога се работи со млади деца од основни училишта, да се обликуваат и создаде хор со кој настапува надвор од земјата, ме прави посебно горда. Благодарност до децата, сакам да работам и се надевам дека ќе продолжам да работам - рече диригентот професорката по музика Веселинка Маџарова Андова, и самата дипломирана  оперска певица.

Првото место го освои академскиот хор Михаил Глинка од Украина.  Младите велешки хористи пееле дела од македонски и од светски автори. Имале и еден самостоен концерт кој бил надвор од конкуренција,каде пееле македонски преработки на народни песни, обработки на Драган Шуплевски. Според Веселинка   Младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј бил меѓу најдобрите три хора во земјава. Хорот бори 26 члена, од 10 до 18 години. 

Голема радост повторно ни донесе нашиот црковно младински хор, продолжение на се што тие работеа изминатите години.  Оваа награда е уште една потврда за нивниот квалитет и нивната неуморна работа, со што сите се радуваме на нивните успеси. Ниту еден хор не беше испратен со такви апалузи, како нашиот вечерта кога настапивме   - рече протојереј Борислав Бобевски. 

На натпревароот учествувале  хорови од Русија, Белорусија, Укрина, Црна Гора, Романија,  Полска, Хорот работи како дел од граѓанското здружение за дејности од културата  и уметноста ,,Арт окарина,,. Аплицирале до Министерството за култура и до Општина Велес, за средства за работа за оваа година.

Не добивме средства за работа,  иако до сега добивавме. За да се има култура во еден град, потребен е хор, потребен е оркестар, ние немаме.  Хоровите од Тетово, Гостива, Гевгелија добиле општински средства ние не, ниту за годишна работа ниту за учество на фестивалот во Белорусија. Очекувам дека оваа неправда ќе биде исправена. Јас не земем никаков материјален надомест за оваа работа, ја работам оти ја сакам   - рече Маџарова Андова.  

Таа на овој натпревар промовирала и своја композиција ,,Сретение Господово,, текст по истоимениот тропар на нејзина музика. Тое е четири гласна композиција, создадена за овој хор.  Велешани ќе можат да ја слушнат в сабота, на великопосниот концерт на духовна музика, со почеток во 18 ч.   

Тоа е прв концерт кој ќе биде одржан во новата црква Св. Кирил и Методиј.  Таа ги покани сите љубители на музиката, да дојдат и бидат гости.

Отец Бобевски ги покани верниците на утринска литургија в понеделник, кога е Св. Агатангел, имениот ден  на Владиката Агаангел, Митрополит на Повардарска  Епархија.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати