Втор ден по ред во велешко повеќе оздравени отколку ново заразени, почината една пациентка позитивна на ковид-19

Петар Печков

Втор ден по ред во велешко има повеќе оздравени отколку новозаразени, покажуваат бројките на Министерството за здравство. Изминатите 24 часа има оздравено 43 пациенти позитивни на ковид-19  а нови случаи се 31 лице. Или бројката на активни слчучи во велешко е 834 а досега се заразиле повеќе од пет илјади, поточно 5007 лица.

 „Починатa е жена на 84 годишна возраст од Велес, позитивна, лекувана десет дена  во Модуларната болница. На кислородна поддршка се 45 пациенти. Испишани  се двајца  пациенти како оздравени   со по еден  негативен тест“ – кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болнциа Велес. 

Во велешката Болница вкупно се хоспитализирани 97 пацинети,  од кои 85 се потврдени позитивни, четворица  сомнителни  и осум  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На Инфективно одделение се  52, на Интерно девет, на Физикално осум и во Модуларна болница 28 пациенти. 

Полицијата соопшти дека во саботата во Велес е евидентирано дури 91 лице кое не носело заштитна маска.  Сите тие ќе платат по 20 евра глоба а доколку ја платат во период од седум дена, таа е половина од предвидената казна, 10 евра. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати