Гемиџиите отпловија на јубилејната 20-та регата (фото)

Петар Печков

По десетти пат од постоењето и десетти пат од возобновувањето од под Мало мовче тргна Вардарската регата.   Организирана од здружението ,,Вардарска регата ,,Гемиџии,,  финансиски поддржана од Општина Велес,  во четири чамци учесниците запловија по реката Вардар.    Во нов термин и скратена патека, дваесетина учесници ја продолжуваат традицијата. 

Традицијата продолжува, и покрај сите шпекулации.  Ја организираме во три дена поради временските услови, бидејќи подоцна тргнуваме. И покрај негирањето од  луѓе кои мислеа дека Регата нема да се организира, заедно со Општина Велес ја организиравме, на задоволство на јавноста - рече Ангелче Гушев претставник на Здружението  ,,Вардарска регата - Гемиџии,,.

Првиот ден учесниците пловат до село Пепелиште, вториот до Демир Капија а третиот ден до Удово. 

Не е познато кое е нивото на реката Вардар од Удово до Гевгелија, до Марвинци,затоа ќе пловиме до Удово.  Имаме 25 учесници пред се од Извиднички одред Димитар Влахов, дел од Здружението Вардарска регата - Гемиџии и од навивачката група ,,Гемиџии,, кои се редовни подржувачи - додаде Гушев.  Учесниците ги испрати градоначалникот Аце Коцевски, кој потенцираше дека регатата е дел од општинските настани и тие не се откажуваат од неа.  

Мило мие што отплови регатата, затоа што имаше многу шпекулации дека Општината се откажала од неа, што не беше точно. Пораката која ја испраќаме од тука е многу силна оти Гемиџиите се симбол на Велес. Многу знаменити објекти го носат нивното име, тие се светол пример од историјата., кога човек го жртвува најсветото - животот, за каузата, за идејата за Македонија. Нивната  мисла ,,Се арчиме за Македонија,, е длабоко врежано  во срцата на сите велешани и должни сме да ги негуваме нивните традиции. Ова е добар пример како тоа го правиме во пракса - рече Коцевски.

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com