Гемиџиската софра, на велешките жени втора во Демир Капија (фото)

Петар Печков

Велешките жени при Здружението на жени, со награда се враќаат од Демир Капија. Тие го освоија второто место, со Гемиџиска софра. На неа беа подготвени повеќе локални специјалитите, од  вредните раце на жените од градот. 

На натпреварот  традиционалната манифестација Недела на традициjaтa Свети Трифун 2018  во организација на Oпштина Демир Капија,  кој се одржа во ресторанската сала при винарската визба Гама во Демир Капија,  се натпреваруваа 17 групи од повеќе општини од  Македонија.

Тие  учествуваа  со подготвени традиционални македонски јадења. Комисијата составена од афирмирани кулинарски мајстори, Љупчо Гиевски, Бесим Љатифи и Маре Јаневска имаа тешка задача.

Тие одлучија првото место да го освојат жените од   Општина Могила - битолско, второ жените од  Велес а трето  доамќините, жените  од   Демри  Капија. 

Наредниот период  емисијата Вкусот на традицијата  која се емитува на  Телевизија Алфа, ќе прикаже  репортажа.  .Натпреварот вообичаено заврши со заедничка забава за учесниците и посетителите. За потсетување, велешанки беа победнички. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати