Гинекологот Москов, пациентката не почина поради гинеколошки туку анестезиолошки причини

Петар Печков

Со сведочењето на докторот гинеколог  Дончо Москов, заврши доказната постапка во судскиот процес во кој тројца доктори се обвинети за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе.  Доктор Москов не се чувствува за виновен и тој причинат за смртта на Кадиева ја посочува  не гинеколошки.  

За сето свое животно  лекарско искуство тврдам дека родилката Кадиева не почина од гинеколошки причини, туку од анестезиолошки.  Преземени беше се според протоколите како гинеколози работевме совесно и по правила и стандарди - рече во сведочењето д-р Москов. 

Во своја добрана посочи дека Болницата во Гевгелија функционирала на ниско ниво, што истото го тврдеше и второобвинетот гинеколог д-р Венци Чалков. Но тие се разидоја кој беше оператор при царскиот рез а кој асистент.  Доктор Чалков ги кажа причинети поради кои родилката Кадиева  било одлучено да се породи со царски рез.   

 Имаше несразмер помеѓу големината на главата на бебето - измерено на ехо преглед и родилните патишта на родилката. Потоа претходната бременост на родилката завршила со тешко породување со вакуум, со искрварување а бебето било во критична состојба, на скала од 0 до 10 во состојба два - рече д-р Чалков.  Вториот гинеколог, д-р Москов зборуваше за текот на царскиот рез.

Во операционата сала ме повикаа околу 20 ч. кога беше донесена и пациентката. По извесно време почнав со дезинфекција на пределот за царски рез кога доктор Чалков рече стоп и јас се повлеков. Се виде дека анестезиологот има проблем  тоа беше втора интубација. Во тие моменти дојде и анестезиологот д-р Зоран Јовановски, сега покоен, кој беше во цивил на што реагираше главната сестра дека така не смее да работи. Ја интубираа уште еднаш, по што рече дека  операција се одлага за утре, пациентката ќе се буди и ќе се носи или во Скопје или ќе се оперира со спинална анестезија. Со д-р Чалков излеговме од салата оти не се чувствуваше дека пациентката е во животно загрижувачка состојба. Добив повик дека  има пациентка, мигрантка  во пети месец бременост со обилно крварење. Веднаш се качив на гинеколошко одделение и по ехо прегледот на лекарите од Црвен крст препорачав да ја носат во болница во Струмица. Кога излегов се појави сопругот на родилката, видно вознемирен. Кажа дека долу се случува нешто, оти идат многу доктори има трчање и ние со Чалков се симнавме веднаш.  Кога се симнав го видов доктор Матс -интернист со дефибрилатор,. Чалков побара да се донесе ЦТГ да се мери срцевата реакција ан бебето. Срцевата реакција на бебето беше се послаба и скоро ен се слушаше. За тие 40 минути беа направени 3-4 обиди за дефибрилација.  Нашето укажување за  состојбата на бебето, интернистот и анестезиолозите не го слушаа. По некое време д-р  Матх му се обрати ан д-р Чалков енам спас за мајката, да го спасиме бебето. За неполна минута д-р Чалков го извади и со прстите на папочната врвка почувствува дека е живо, иако имаше розеникава боја, ја пресече и го даде на  инструментарката. Кога го вадевме плодот, мислевме дека придонесуваме за мајката таа да се спаси - раскажа д-р Москов.     Завршните зборови се закажани за средината на месец септември.   

Обвинети за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе,   се анестезиологот  Томче Ванчев од Гевгелија и  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков и Дончо Москов за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,.  

Со преземените дејствија обвинетите иако биле свесни дека нивното постапување може да предизвика штетна последица, несовесно постапиле при укажување лекарска помош при процесот на породување. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето.

loading...

Поврзани »

loading...

Rontis вработува магационер

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала Ронтис заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Mагационер Детали

Rontis вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала „Rontis“ заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување

Детали

Rontis вработува оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи: 20 (дваесет) Оператори во производство Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com