Гинеколог д-р Зоран Јовановски и породи пациентка и отстрани тумор од 8 кг

Петар Печков

Неодамна  гинеколог д-р Зоран Јовановски изврши породување на пациентка а истовремено извади и тумор тежок  8 кг. Докторот Јовановски  ( 48 год) кој е  велешанец, ова го изврши во болницата  на  Ре-Медика, во Скопје.  

Тој во неговата  докторска кариера како гинеколог има извршено 350 породувања.  Специјалист по Гинекологија и акушерство е од 2008-та. Негов интерс за работа е онколошката гинекологија и ендоскопски – лапараскопски и хистероскопски   мини инвазивни операции.

Неодамна докторе имавте случај кога породивте жена истовремено извадивте тумор. Што праксата вели за ваков момент?

      Во мојата пракса, ова ми е прв и единствен случај. Сум имал со помали тумори, но тоа беше по породување или по спонтан абортус.

Колку беше тешко бебето, колку туморот. Колку време траеше зафатот?

     Породеното бебе беше тешко 2350 грама  и 48 долго, заостануваше во раст околу две недели.   Пациентката беше породена во 37-та недела од бременоста.  Операција беше извршена и породувањето  на бебето  и отстранувањето на туморот за само 60 минути 

Дали родилката знаеше дека и ќе се  породува и ќе се отстранува туморот?

          Родилката знаеше за туморот, кој во почетокот на бременоста бил околу 8 см. До породувањето туморот порасна на 30 цм со бизарен изглед на ултразвук.  Пациентката беше подготвена од  нејзиниот матичен гинеколог, со направени тумор маркери и сите дополнителни лабораториски иследувања.  Како тим бевме  подготвени за операцијата, пациентката беше запознаена со целокупната процедура.  Идејата беше д а се породи здраво бебе, но и да не се чека туморот да порасне уште повеќе и да притиска на околните органи. Или  полошо, да се излее неговата содржина во стомачната шуплина.  Прво се направи царски рез, се породи бебето, се сутуираше матката а потоа во самиот стомак внатре, го одвоив туморот од неговите лигаменти и крвни садови од матката и стомачниот ѕид а потоа внимателно се извади.  Се одлучивме и за низок попречен рез, кој е поблагопријатен за пациентката со помалку постоперативни тегови, но е потежок за операторот.  

Во земјава има случаи кога при породување починува и родилка и бебето.  Дали е тоа тежина која ве обременува при породувањето?

   Секако дека Гинекологијата и Акушерството носат многу стресени ситуации, кога мора да веднаш да се реагира, во интерес на новороденчето и на родилката. При нормални породувања можат да  се случат  силни крварања или пак мора да се прави царски рез во рок од пет минути за да се спаси бебето.

Каква е состојбата на родилката  сега, каква на бебето?

     Пациентката е одлична исто како и нејзиното бебе. Испитувањата покажаа дека туморот е бениген.  

loading...

Поврзани »

loading...
Дежурство на аптеките (АВГУСТ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каква е културната понуда и забавата летово во Велес?

  • одлична, има се
  • никаква, нула
  • има по нешто, за сечиј вкус
  • од што има, одам во други градови
Резултати