Годинава нови 6 илјади м2 зелени површини во Велес

Петар Печков

Годинава Велес ќе добие  ново зеленило со површина од 6.408m2 и обнова на зеленило со површина од 30.000 m2  согласно Програмата донесена на последната седница на Советот.  За таа цел од Општинскиот Буџет се предвидени три милиони денари.  Од локалната власт сметаат дека со реализација на оваа Програма ќе се овозможи зазеленување  на општината со организирано зеленило, подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Површината не е мала. Споредено со претходните години ќе уредиме рекордна површина со ново зеленило од 6,4 илјади м2. Плус сакаме да го ревитализираме зелениот појас околу Топилница кај зафаќа површина од 30 илјади м2.  Се решивме да градиме парк во кругот на СОУ Коле Неделковски, оти таму е комплексот згради УЗУС со околу три илјади жители, каде се индустриските зони УЗУС 1 и УЗУС2. Тие се од лесна незгадувачка индустрија, но сепак имаат влијание врз квалитетот на животот а задната страна на дворот е страшно руиниран. Ќе се постави осветлување, урбана опрема, ќе се уредат спортските игралишта. Згора на тоа дворните места на Гимназија, ОУ Васил Главинов ги уредивме и време е тоа да го сториме и во СОУ Коле Неделковски - кажа Билјана Манаскова Шуркова, општински инспектор за животна средина.  

Нови зелени површини се предвидени на   ул. Методија Андонов Ченто кај  СИЗ за становање, подигнување на парк во дворна површина на ССОУ Коле Неделковски, ревитализација на зелен појас Топилница, подигнување на зелен ѕид на локација кружен тек кај Спомен Костурница, поставување на системи за наводнување на уредени зелени површини.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати