Годинава сепак ќе се одржи Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,

Петар Печков

Советот на Општина Велес  одлучи Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, да го организира локалната власт  а не повеќе преку делегирана надлежност.  И ќе се одржи летово, наспроти првичните најави дека ќе го има догодина а годинава да има рок фестивал. 

На вчерашната седница на Советот,  беше избран и организационен одбор.  За претседател беше именуван Драган Миладиновски а за членови; Младен Крстевски,  Васил Зафирчев, Славиша Ѓорѓиев и  Пенчо Кимов.

Новиот одбор има обврска манифестацијата  да трае 5 фестивалски вечери во периодот од втората половина на јули до првата половина на август. Измиантите години ФАД Стоби, нудеше програма која имаше по 7 до 8 претстави.  Првичната идеја на градоначлникот Коцевски која ја најави на почетокот од годинава, беше фестивалот да се одржува на две години, поради тоа што претставите со антички текст се повторувале, а затоа летово да се органзира рок фестивал.  Но оваа идеја засега е напуштена. 

Претходно и манифестацијата ,,Рацинови средби,, Советот одлучи да ја организира локалната власт а не преку делегирана надлежност. Веќе е познат и датумот на 55-те Рацинови средби, од 13-ти до 15-ти јуни, како и жирито кое ќе решава за наградата во состав:  академик Луан Старова – претседател и членовите  проф. д-р Венко Андоновски и писателот Христо Петрески.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати