Година и пол затвор за сообраќајката кај наплатна Градско со две жртви

Петар Печков

Исмаил Љуши (27 год) од Гостивар доби 18 месеци затвор за  сообраќајка во која има две лица починати. Љуши беше прогласен за виновен во Основен суд Велес за кривичното дело,, тешки дела против безбедноста  на луѓето и имотот во сообраќајот,, кое според судијата го сторил од небрежност. Во сообраќајката животите ги загубија Емре Емини (24 год)  од Гостивар и Невенка  Цветкова  (23 год) од Крива Паланка. Нејзината мајка иако скршена од болка, најде сили и  му прсти на обвинетиот.

Простено му е од мене - рече низ солзи Македонка Цветкова. 

И обвинетиот во солзи кажа дека се кае за стореното, иако не се чувствуваше за виновен.

Многу ми е криво што вака се случи, многу ми е тешко и жал - кажа Љуши. 

Сообраќајката се случи   на ден 29.10.2017 година во 4.30 часот,  на 2 км  после наплатната рампа Градско, од автопатот Неготино -Велес. Според обвинението  Љуши  управувал автомобил марка БМВ   со брзина од 150-160 км/ч, која е поголема од дозволената а на тој дел од патот била ограничена до 80 км/ч.

Кога дошол на критичното место,  каде поради реконструкција на патот сообраќајот се одвивал по една коловозна лента,  изгубил контрола над возилото и во еден момент дошло до удар   на автомобилот  со заштитната метална еластична ограда, поставена на средината на автопатот која ги одвојувала двата коловоза. Од  здобиените повреди сопатникот  Емре Емини кој седел на предното седиште се здобил со повреди од кои починал на лице место.

Сопатничката Невенка  Цветкова се здобила   со тешки телесни повреди фрактура на карлица и фрактура на 10-то ребро, срцево- респираторна инсуфициенција, од кои починала подоцна  на 19.11.2017 година на КАРИЛ во Скопје. Со полесни повреди се здобил  сопатникот Онур Абази. 

Тој при сведочењето кажа дека возачот Љуши во критичниот момент спиел. Од  обвинетиот Љуши била земена крв и урина  и по извршените анализи било констатирано дека нема присуство на алкохол. Вештачењето покажало дека во критичниот момент обвиениот го управувал возилото со 136 км/ч. Пресудата не е правосилна. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати