Голем интерес за олдтајмерите во Велес (фото)

Петар Печков

По втор пат во Велс беа изложени автомобили  т.н.  олдтајмери. Вниманието на велешани го привлекоа  бројни раритетни автомобили, кои и натаму можат да се забележат по македонските  улици, за различни пригоди.  Различно годиште, различни модели, но сите уникатни.   И годинава задоволството да се видат олдтајмери во градот, на велешани им го овозможи  здружението ,,Кингс оф д стритс,, од Велес.

 Има околу педесетина автомобили, не само  од Велес туку и од други градови. Од странство дојде еден гостин од Ниш – Србија, иако беа поканети и од други градови  и држави.  Најстари се бјуикот и опел Олимпија од Битола.  Имаме доста и од Велес, како домаќини. Тие можат да се видат често и по нашите улици.  Причина е љубовта кон колата. Или пак татко му, му оставил  и сопственикот ја одржува, реставрира. Имаме петнаесет члена во клубот и доста симпатизери. Ова задоволство да се има и одржува олдтајмер е скапо задоволство   Борче Мицевски претседател на здружението ,,Кингс оф д стритс,, од Велес. 

Најмногу внимание привлекоа два автомобили, со битолска регистарски таблички и во црвена боја. Тие се во сопственост на Драганчо Богевски –Попето од Битола. Беа изложени  ,,Опел Олимпија,, годиште 1952-та    ,,бјуик супер,, иста така 52-ро годиште.

Јас сум цел живот со овие автомобили, имам свој сервис, автоелектричар сум по струка. Пред 15  години изразив желба да ги реставрирам старите автомобили, дојдов до некој резултат. Имам и други, овие д ва се најбодро реставрирани. Имам уште 10 други. Ги чувам  дома, се користат за различни манифестации, за свадби, за снимање филмови, серии, спотови. Имаме клуб во Битола и секоја година се одржуваат изложби и се повеќе и  појќе има вљубеници за овие автомобили што ми е драго, оти традицијата ќе продолжи  - рече Богевски. 

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com