Градоначалникот Коцевски бара темелно преиспитување на распределбата на средствата од Министерството за култура

Петар Печков

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски е разочаран од распределбата на пари за проектите од културата за оваа 2019-та година.   Без денар дотации останаа Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, Фолклорниот фестивал ,,Велес,, додека Рациновите средби добиле 105 илјади денари.

Барам темелно преиспитување  за начинот на распределбата на средствата. Велес помина многу лошо во оваа распределба од Министерството за култура. Разочаран сум за Рациновите средби кои се манифестација од висок ранг, годинава добија само 105 илјади денари. Споредбено поетски караван ,,Поетски искри,,  добива 136 илјади денари, Карадачки средби 200 илјади, за Скопје чита 150 илјади денари. Толку ли е вреден Рацин, за достојно да се одбележи неговото дело.  А до 2001-та беа државна манифестација со еден вработен. Фестивалот на античка драма кој има 18 изданија и еден од двата во Европа на ваква тематика. Ниту Фолклорниот фестивал кој има 15 години стаж не доби ниту денар. Како ниту меѓународниот стрип салон единствена таква манифестација во земјава, остане без поддршка  - кажа Коцески. 

Тој реагираше и на малата сума средства кои ги доби велешкиот театар, или помалку од средства кои се доделени за една претстава на друг театар. Смета дека со ваквата состојба се доведени во прашање одржувањето на овие манифестации, но во далеку помал обем.

Бевме доведени во заблуда како општина. Од Министерството за култура ни тврдеа дека Општините како организатор нема да добијат средства од проекти. Тоа било според новите пропозиции. Но од објавените резултати може да видиме дека има Општини кои директно аплицирале и добиле средства - додаде Коцевски.   

Од локалните културни манифестации средства добила Фондацијата Фокус која  годинава се јавува како организатор на Меѓународна скулпторска колонија Велес 2019, во висина од 130 илјади денари.

На новинарското прашање дали локалната власт има финансиска можност да ги организира овие манифестации, кои државата ги заобиколи, Коцески изјави дека тие ќе се одржат но во скромен обем.  

Ќе се преиспитаме и се ќе направиме овие манифестации да не згаснат. Доколку не добиеме финансиска средства од државата манифестациите ќе се одржат со помал број учесници - додаде Коцевски. За Рацинови средби конкурирале преку Клубот на писатели ,,Кочо Рацин,, за Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, преку здружението ,,Импакт,, и за Фолклорниот фестивал преку  КУД ,,Коле Неделковски,,. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати