Градската библиотека по четири месеци, продолжува со работа со читатели

Петар Печков

Од денес, понеделник, започнува со работа со корисници Локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, најавија од оваа општинска институција од областа на културата. Таa поради состојбата со ковид-19 не работеше  со странки од 12-ти март, така што продолжува со работа после без малку четири месеци. Оваа локална културна институција продолжува да работи со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки.

Задолжително носење лична заштитна опрема на лицето, која ги покрива пределот на носот и устата- маска, марама или шал. Корисникот може да влезе во библиотеката само со лични заштитни средства. Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека (средството за дезинфекција е обезбедено од библиотеката). Одржување на физичко растојание од 2 метри. Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел - објавија од Градската библиотека.

Работното време е  во една смена од 8 до 16 часот, сабота е неработна. Работата со корисници опфаќа  враќање и позајмување книги, обновување на членството и запишување на нови корисници. Читалните нема да работат. Корисниците можат да ги вратат книгите и да позајмат нови. Книгите ќе можат да се вратат единствено во библиотеката во која се позајмени. Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање.

Од Библиотеката најавуаат дека  нема да го евидентираат пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници. На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување по фондот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати