Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2020
Бидејќи Владата за овој продолжен неработен викенд прогласи некаде делумен, некаде целосен полициски час, тоа ќе се одрази и на работата на Градскиот пазар во Велес.
Работното време е променето и тоа е од 7 до 14ч. во секој од деновите, петок, сабота и недела, информираа од ЈКП Дервен.
Со тоа што останува можноста за продажба на не прехранбена стока, или текстил и железарија.
Пазарчето во Нова населба останува затворено.