Градското дерби во футсал за КМФ Велес

Петар Печков

Првото градско дерби во футсал го доби КМФ Велес. Тие со 7:3 (5:1) го совладаа тимот на КМФ Гемиџии 1903.  Израмнето беше само во почетокот, до 1:1 потоа шампионот ги покажал своите квалитети и забележал сигурна победа. Велешкото дерби се играше во Скопје. По ова коло КМФ Велес е трет со 13  бода а КМФ Гемиџии 1903 е шести со 9 бодови. Во следното коло КМФ Гемиџии игра соседско дерби според пласманот со КМФ Јувентус Серава, додека КМФ Велес гостува  на последно пласираната екипа КМФ Шкендија во Тетово. 

 Во осмото коло на првата женска фудбалска лига, на Градски екипата на ЖФК Борец загуби од ЖФК Ателтико од Битола со 0:6 (0:5). Младиот велешки состав  е засега лесен плен за противниците и се наоѓа ан 13-тото претпоследно место од Првата лига, со една победа. Во следното коло  гостуваат во Кочани на екипата на ЖФК Кочани која е 11-та со 4 бода.  

Во третото коло од Втората кошаркарска лига Исток, КК Борец баскет дома загуби од довчерашниот прволигаш Карпош Соколи со  59:64.  Финишот на средбата беше неизвесен, домаќините со повеќе шанси за пресврт, но безуспешни. Така по третото коло Карпош Соколи се лидери без пораз а КК Борец Баскет е втор. Во следното коло велешани гостуваат  во Скопје, на екипата на Спарта која има една победа и е осма. 

По подолга пауза утре продолжуваат натпреварите  од Втора лига Исток, екипата на ФК Борец 1919 дома на Градски од 13,30ч.  игра со последно пласираниот тим на Детонит од Радовиш.

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com