Грипот и овчите сипаници ги снемува во велешко

Петар Печков

Последната седмица од  јануари  грипот и овчите сипаници во велешко се  осетно намалени. Нивната бројка е драстично помала споредбено со последната седмица од декември.

Според Центарот за Јавно здравје Велес претходните седум дена матичните  доктори во Велес регистрирале 17 случаи на грип и  10 случаи на  овчи сипаници, наспроти 58-те грипозни и 26 заболени од овчи сипаници за три седмици.  

Кај надлежните  имаше стравување дали со почетокот на учебната година и враќањето на учениците во училишните  клупи, ќе се вратат овие заразни заболувања грипот и овчата сипаници. Бројките покажуваат дека засега нема  нивно повторно враќање.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати