Гркот кој беше фатен со 300 кг марихуана ,,пропеал, па во Грција фатени уште пола тон

Петар Печков

Македонската Царина информираше дека во соработка со Грчките царински власти, пресечен е меѓународен канал за шверц на дрога - марихуана.

Царинската управа на Република Македонија, преку размена на информации со грчките царински власти, успеа да пресече меѓународен канал на шверц со наркотична дрога – марихуана од Грција преку балканските земји до земјите од западна Европа.  Ова е поврзано со заплената на 300 килограми марихуана шверцувана во вреќи со ориз, која во неделата на 28.01.2018 година беше запленета на влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица. 

Во средата на 31.01.2018 година, властите на Република Грција, по добиените сознанија од страна на Царинската служба на Република Македонија, извршија преглед во магацин за складирање на стока, лоциран во пристаништето Неа Перамос, западно од Атина, при што запленија околу половина тон наркотична дрога – марихуана сокриена во вреќи со ориз наменети за Холандија.

Дека станува збор за организирана група или банда која се занимава со меѓународен шверц на наркотични дроги укажува и фактот што местото на утовар, начинот на пакување, големината и формата на опаковките и користењето на вреќите со ориз како средство за шверцување на марихуаната запленета на територија на Република Грција се идентични со начинот на пакување, големината и формата на опаковките како и употребата на вреќи со ориз заради прикривање на дрогата запленета на територија на Република  Македонија пишува во писмената информација на Царинската Управа.   

Имено, на 28 јануари 2018 година, на влез од Р. Македонија на  царинска испостава Богородица - отсек за патнички промет, со транзитен царински документ се пријавил осомничениот Е.П (36) грчки државјанин кој управувал товарно моторно возило со грчки  регистарски таблички. Дел од стоката (облека, рутери, профили, канти поликолор и др.) која ја пријавил за царинење била натоварена во Атина, Грција и истата според документи требало да биде пренесена до Германија до Вупертал, додека пријавениот ориз од Камбоџа требало да биде транспортиран до Холандија.

При прегледот на стоката сместена во полуприколката од возилото, царинските службеници забележале 4 дрвени палети на кои биле сместени вкупно 95 полиетиленски вреќи, кои според фактурата требало да бидат наполнети со ориз. По отворањето на сите вреќи, во дел од нив  сокриени низ оризот, пронајдени биле вкупно 75 алуминиумски вреќи обвиткани со проѕирна стреч фолија наполнети со марихуана со тежина од 309,6 кг  килограми. Марихуаната требало да  биде пренесена до нарко - пазарите во земјите од западна Европа. Вредноста на запленетата наркотична дрога при продажба на големо би достигнала износ од околу 800.000 евра.

loading...

Поврзани »

loading...

Rontis вработува магационер

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала Ронтис заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Mагационер Детали

Rontis вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала „Rontis“ заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување

Детали

Rontis вработува оператори

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи: 20 (дваесет) Оператори во производство Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com