Груевски од Велес – победуваме, народот е со нас

Петар Печков

ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите   партнери од ,,За подобра Македонија,, одржаа митинг на плоштадот Сармаале.   Од говорницата тие порачаа дека продолжуваат да работат за подобар живот во земјава и затоа ја побараа поддршката од гласачите.  

Тоа по што сме препознатливи на политичката сцена во Македонија е што сме единствена партија од осамостојувањето до денес, која е во постојан контакт со граѓаните, со сите категории. До нас секој има пристап и знаеме да го ислушаме секој предлог, идеја, проблем, пофалба и критика. Од тие средби излегоа нашите програми, кои се во интерес на  сите граѓани. Отчетноста е пред се,  а оправдувањето на  довербата на граѓаните над се – изјави Горги Коџабашиев кандидат за пратеник, на 12  место на листата.  

На листата за пратеник од оваа коалиција, како 17-ти е Коста Штериев од Лозово.  

Македонија е загрозена и однадвор и однатре. Од внатре ја загрозува ребит едн компани  а однадвор  се викаат ,,чадор,,. Секоја сила и  неправда ќе падне пред цврстината на народот. Ако покажеме дека сме цврст  орев, имаме свое јас, и не сме Коминтерновска творба, тоа треба да го докажеме на 11 декември . Тој е побитен од 8-ми септември,  затоа што треба да ја потврдиме   своја самостојност и зрелост дека ја заслужуваме државата. Да не дозволиме на легачите и неспособните да дојдат на власт  – рече Стевче Јакимовски од ГРОМ, политичка партија коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. 

Експертите од СДСМ се` што нашиот народ создаваше со децении успеаја во времето на нивното владеење да го уништат.  Во Велес  тогаш ниту нешто се градеше ниту нешто се создаваше. Во годините наназад со многу труд и работа, успеавме Велес да го вратиме на мапата на Македонија.  Го изградевме новиот театар,   го решивме свлечиштето  Рамина. Се сеќавате   го завршивме Хидросистемот Лисиче. Го изградивме патот до Јаболчиште и до Мокрени.   Треба да се знае и помни, дека во времето на СДСМ во општината имаше вработени 9.831 човек одеа на работа. Денес на работа во Велес одат 15.5779 сограѓани. Разликата е очигледна. Во нивно време се затвораа фабриката а во време на ВМРО -ДПМНЕ се отвораат, доделуваме субвенции – изјави  Илија Димовски носител на листата на коалицијата ,,За подобра Македонија,,   од ИЕ  3.   

Лидерот на партијата Никола Груевски  неговиот говор го започна со осврт на митингот на опозицијата, одржан  ден претходно во Велес, со забелешка дека тогаш биле испорачани грст  навреди и врз него и врз партијата и другите нејзини членови од  нејзиниот врв.

 Не смееме да се делиме, сите сме и потребни на Македонија. Не смееме да создаваме омраза меѓу луѓето. Ако имаат толку гнев, нека  ја истураат врз мене, ќе издржам. Но нека не ги закрвуваат граѓаните.   Ние сме еден народ, иста држава, делиме исти проблеми. Сега сме разделени по политичка линија, но можеби утре ќе бидеме   за некои работи на иста линија, бранејќи ја Македонија. 2,5 години Македонија е во  заложништво на Зоран Заев, време е да се стави крај на кризата, време е да се ослободи, од хаосот кој тој го донесе.  Но и од сценаристите кои сакаат да го донесат на власт, не   народот туку тие автори. Морам да му одговорам  на некои негови ветувања. Повисока плата не се создава со декрет, туку со намалување на невработеност.  Минималната плата  и социјалната помош според него ќе бидат на исто ниво. Па тогаш кој ќе сака да работи, сите дома ќе седат за да земаат толку пари. Тоа го нема никаде во светот.    Отпишавме долгови во висина од 30 милиони евра. И да расчистиме со 13-тата плата која ја  опозицијата ја најавува.  Петстотини евра не можат да бидат вратени на крајот до годината по основ на повраток на  ДДВ  никако, за толку пари треба да  се пазари месечни по 2 илјади евра.  Граѓаните можат  да  очекуваат најмногу  до 4-5 илјади денари. Оти оваа Влада за многу производи ДДВ го симна на  5 отсто. Направивме многу, народот ни верува и затоа ќе победиме – рече Груевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати