Дарко Димитриевски се врати во Шпанската АСОБАЛ лига

Петар Печков

Ракометниот интернационалец Дарко Димитриевски се враќа во Шпанија овој пат  во Сантандер. Повторно ќе игра во најквалитетната АСОБАЛ лига, овој пат за екипата на БМ Блендио Синфин.

Таа е нов член на а шпанска АСОБАЛ ракометна лига,  каде влезе преку плеј оф. Димитриевски  потпишал договор за настап за  една година.  Новиот клуб задоволен од засилувањето  и на нивната веб страница запишале дека ,,неговите 1,94 сантиметри и  90 килограми го прават флексибилен играч со одличен шут  од надвор,,.

Димитриевски за новиот клуб изјави:  

"Веќе играв во силни лиги како Лигата на шампионите и се надевам дека моето искуство ќе му помогне на тимот да има  добри резултати оваа сезона, Ниту јазик да биде проблем,бидејќи по настапите пред неколку години кај  Сангунто  и Леон Адемар, научив шпански и тоа ќе ми помогне да комуницира со играчите на тренерот и тимот. Се надевам дека сите ќе бидеме  среќни заедно на крајот на сезоната" заклучи Димитриевски.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати