Да се менува Правилникот за да има лекари по селата, бараат докторите

Петар Печков

Жителите  на руралните области  мака мачат да дојдат до лекар. Таков е случајот во Општина Чашка. Доктор има само во населба Чашка, додека во регионот на Азот  и Извор нема. На стотина километри нема здравствена услуга.

Причината за ова докторите ја гледаат во   Правилник на Фондот за здравство, каде пишува дека  за  некој  биде да рурален доктор и добива   стимулацијата која ја дава државата  во висина од 90 илјади денари, треба да има запишано 500 запишани пациенти.  Оваа бројка за многу села во Македонија е мислена именка. 

 Работите во државата се менуваат, народот заминува, се иселува,  селата се напуштаат, изумираат и не може да стои оваа бројка од 500 пациенти.  Треба да се коригира да се променат бројките, правилникот да се прилагоди на одреден регион. Прашање е колку ни значат   животите на тие луѓе кои се таму, живеат во руралните средини. Нема ништо поскапо од човечки живот. Има доктори кој сакаат да работат и во село, но мора да бидат стимулирани.  Субвенции се даваат за крави, овци, живина за  луѓето нема. Министерството за земјоделие повеќе се грижи за стока отколку Министерството за здравство за луѓето. Не смее да се има селективен односот - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на приватните лекари во Македонија. 

Општина Чашка, која според територија е трета по големина во Македонија има дури 43 села и 8 илјади жители.

Апелирам  до сите лекари, иако има дефицит на доктори во земјава, наместо да заминуваат да се пријават на огласите за овие рурални средини. Во Богомила и Извор нема лекар и напуштените амбуланти,   со ангажирање доктор  нема да останат на забот на времето, да се оштетуваат - рече градоначалникот Горан Стојановски.  Тој е подготвен да со одлука на Совет ги субвенционира и ги плаќа трошоците за комуналии во овие два населени места, кирија, вода, струја, бидејќи објекти има, но лекар не. Имало но си заминале. 

За итен случај во блиските села Ореше или Папрадиште, доаѓа доктор од Брза помош од Велес, патува по час и повеќе. За обична настинка, температура на дете, мораме до Велес да го носиме, за зима е снегови, патишта подмрзнати -  вели Зоран Стојанов  жител на Богомила. 

Во населените места во Општината како рурален доктор доаѓа два пати месечно на посета. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати