Дванаесет автобуси и комбиња кои превезуваат патници, биле неисправни

Петар Печков

Вторникот на сообраќајниците во Велес била спроведена сообраќајна контрола, дали и колку се исправни автобусите и комбињата, кои превезуваат патници. Контролата траела пет часови. 

На 8 октомври во периодот од 9 до 14 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле регистрирани 14 прекршоци, од кои 12 во Велес и два во Кавадарци- соопшти Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.

За сите прекршоци сообраќајната полиција изрекла  соодветни казни на возачите. Истовремено вакви акции биле изведени и во Струмица каде имало констатирано четири прекршока,  во Тетово 16, во Гостивар 21, во Штип девет. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати