Дванаесет години затвор за убиството во Гевгелија, две за помагање

Петар Печков

Дванаесет години за убиство и две години за помагање добија казна затвор две лица од Гевгелија. Кора Ибраимов (32 год) како сторител доби 12 години а Ромео Колетиќ (44 год) како помагател доби две години затвор. И двајцата во Основен суд Велес беа прогласени за винови откако го признаа делото, кажаа дека се чувствуваат за виновни, се каат за стореното. Ибраимов дури рече дека  било ,,не сакајќи,,.

Убиството се случи на 21 ноември мината година околу 6,30 часот во домот на Колетиќ,  на улица Маршал Тито  бр. 201 во Гевгелија, кога  според  обвинението на ,,свиреп начин,, бил убиен Благој Ристов (41 год).    Починатиот  бил гостин кај Колетиќ претходната вечер, а околу 22ч., дошол Ибраимов. Сите заедно пиеле алкохол. 

Во еден момент настанала вербална расправија во која Ибраимов го обвинил Ристов  дека му го украл мобилниот телефон. По ова, обвинетиот за убиство го  тепал со тупаници  Благој во пределот на лицето, а потоа на главата, го удирал од ќумбето.  Потоа земал гајтан од струја и со неа го мавал по главата и телото.

Откако Ристов престанал да дава знаци на живот, Ибраимов  и Колетиќ  го преместиле телото во друга просторија, а потоа Колетиќ се обидел да ги прикрие трагите чистејќи ја просторијата од крв додека   Кора  си заминал.

И двете сега неправосилно  осудени лица, кога го сториле делото биле во тешко пијанство.  Кај Ибраимов биле констатирани 4,56 промили алкохол во крвта, а кај Колетиќ  2,53 промили алкохол.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати